„Централниот одбор препорача и одлучи да бидат одложени оставките на премиерот и претседателот на партијата. СДСМ наредниот период ќе работи за интересите на граѓаните и на можноста државата да западне во нова криза, и да биде ставена во ретрогадни процеси.

Одложувањето на оставките ќе биде на неодредено време додека состојбите во државата го бараат тоа. СДСМ испраќа порака дека е партија која обединува.

На централниот одбор дискутиравме и претходно за најразлични случувања на македонската политичка сцена. Во моментов парламентарното мнозинство да продолжи по патот. Земјата не смее да ги напушти тие процеси и политики. Сите процеси се битни, и сите сме ние чинители на тие процеси, и чекор по чекор треба да го смириме граѓанството. Но пред се ние не смееме да си дозволиме нови години уназадување. Се дискутираше и за локалните избори, и сплотено и обединето“, изјави Перо Костадинов, претседавачот на Централниот одбор на СДСМ.