Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „360 Степени“ на Алсат М телевизија истакна дека граѓаните на овие избори во Куманово дадоа поддршка на граѓанска иницијатива. Тој рече дека во прв план ги става граѓанските интереси, а политиката ја става во втор план.

Димитриевски посочи дека нема потпишано никаква предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот став беше принципиелен и дадоа поддршка на сите кандидати кои беа независни или не беа кандидирани од Социјалдемократскиот сојуз. Условите во Куманово се специфични, бидејќи јас по идеологија сум социјалдемократ и со само донесена одлука се најави мое исклучување на партијата дека наводно сум се самоисклучил од СДСМ. Јас сум бил, сум и ќе останам да бидам социјалдемократ. Останувам отворен за соработка со сите. Коалицијата ќе се гради на принципиелни основи. Сè уште немаме договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но пак јас оставам простор за сите советнички групи. Во ниту еден момент не ги нарушив принципите, а бев сведок како тоа се аболицираат, амнестираат луѓе делумно од политичкиот свет, а не сите, бидејќи немаше да имам против доколку беа амнестирани сите. Бевме сведоци на многу непринципиелности во минатото од страна на носители на највисоки државни функции, зошто тогаш тие правила и таквите прашања не ги поставуваат директно до нив, а денеска кога јас сум кандидат на граѓаните за мене е проблем јас да правам било какви коалиции што за некого се непринципиелни, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека неговите идеолошки определби се едно, но сепак мора да ја следи заложбата и волјата на општина Куманово.

Нема да имплементирам политика, ниту пак ќе се водам од политички мотиви. Мојата работа е да бидам сервис или менаџер на градот во интерес на сите граѓани, како што беше претходно без разлика кој на политичка партија доаѓа, од која верска или етничка заедница. Јас сум градоначалник на сите граѓани и тоа треба сите да го почувствуваат. Иако бев кандидат на СДСМ периодот 2017/2021 година сепак бев градоначалник на сите граѓани и тоа се виде во изборниот резултат. Имаше гласови и од Социјалдемократскиот сојуз членови и симпатизери, и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од редовите на албанскиот, ромскиот блок и сите помали етнички заедници, така ќе продолжам да работам и функционирам, потенцираше Димитриевски.