Премиерот Заев го информира Шидер дека Владата е силно посветена на владеењето на правото и на неселективна борба против криминалот и корупцијата, како и на почитување на еднаквоста во државата во сите сегменти од општественото живеење.

Тој изрази благодарност до Европскиот парламент, земјите членки на Европската унија и до Австрија за поддршката што ѝ ја даваат на нашата држава во процесот на евроинтеграциските аспирации.