– Утре ќе ја направам консултацијата, дали во Собранието, дали во Клуб на пратеници, сакаме да најдеме решение. Опозицијата кажа причини за блокирање. За албанската опозиција тоа е Законот за државјанство. Сите сме за Закон за државјансто, и македонската опозиција и македонската владејачка партија и албанските владејачки, сите сме. Треба да го најдеме начинот според европски стандарди и принципи и механизми. Да ги најдеме доказите како да им дадеме државјанство на тие наши граѓани, рече Заев.