Во овие денови на војна, пораката на Договорот од Преспа е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот, кој поминува низ голгота од ужасите на војната, рече лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во неговиот говор на почетокот од партискиот Конгрес, на кој се присутни и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
-Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА.
Сите присутни Грци во публиката со громогласен аплауз го поздравија човекот кој стави потпис за исполнување на грчката желба да се промени името на Република Македонија.
Тој, видно среќен и задоволен од поздравот, им возврати во негов стил – ставајќи ја раката на срце.