На локално ниво ставивме крај на локалните шерифи, општините ги отворивме, им ги вративме на граѓаните и силно инвестиравме во нивниот развој, вели претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната промоција во Скопје, на кандидатската листа на владеачката партија.
Според него, низ земјата се реализирани над 7000 проекти во општините, а преку 2000 се тука во скопските општини.
-Шилегов е пример за вистински градоначалник, пример за татко на градот. Граѓаните во него препознаваат стабилен градоначалник, рече Заев.
Тој посочува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ затоа не одат со свој кандидат за градоначалник на овие избори.
-Знаат и тие дека шанса немаат против Петре, па затоа Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го понесе поразот на изборите. Менторот од Будимпешта знае дека Шилегов е апсолутен фаворит на изборите, кажа претседателот на СДСМ.