– Бошњаците во Северна Македонија отсекогаш биле активни во унапредувањето на нашето заедничко општество и во изградбата на институциите на нашата држава. Традициите и културата на Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, и многу вреден и драгоцен сегмент во нашиот концепт „Едно општество за сите“, објави Заев.
На фејсбук премиерот Заев потенцира дека Владата на Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжи да ги зајакнува институционалните можности за негување и унапредување на интересите и културните особености на бошњачката заедница, како што во 2018 година во образованието на учениците Бошњаци им е вратено правото на редовна настава на босански јазик.
– Денес босанскиот јазик е дел од програмата на Националната телевизија. Со честитките за вашиот празник ја испраќам и пораката да продолжиме сите заедно да градиме просперитетна иднина и благосостојба. Заеднички да чекориме по европскиот пат и да придонесуваме за подобар живот на сите наши граѓани, е пораката од премиерот Заев објавено на неговиор ФБ профил.