– Вчера имаше официјална реакција од Владата. Со колегата Али Ахмети не сме разговарале за државните симболи. Треба да се фокусираме на економијата, зелената агенда, како и главниот фокус да остане на европеизацијата на Северна Македонија, рече Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање.
Прашан дали смета дека погрешил со тоа што на Твитер напиша „Македонската фудбалска репрезентација“ за што грчките власти замерија дека не се користи уствното име и најавија дека ќе ги замрзнат трите меморандуми, Заев рече дека е нормално да се направи грешка, меѓутоа, како што додаде, земјата е посветена на Преспанскиот договор, бидејќи носи бенефит за граѓаните на двете држави.
– Тоа е точно со Договорот од Преспа, но тоа не е причина да се одложат договорите и меморандумите во грчкиот Парламент затоа што чекавме две години за овие договори и меморандуми во грчкиот Парламент и можеме да почекаме уште три месеци… Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години и да го повторувам понекогаш, но секако продолжуваме да се посветуваме на тоа бидејќи Договорот од Преспа носи придобивки за нашите граѓани, рече Заев.