Не гледа причини зошто да не се делат свидетелства. Иако мерките се целосно олабавени, БРО донесе одлука да не им ги дава свидетелствата поради ковид протоколите. Ова отвора сомнежи дали навистина свидетелства нема поради проблем со тендерите.

– Свидетелствата можат да се делат во дворовите. Се што може да се организира надворешни услови, може да се направи – смета Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември. Тој вели дека протоколите за заштита од ковид-19 за новата учебна година се речиси готови и за две недели се очекува дека целосно ќе бидат завршени.

– Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели – изјави Филипче.

Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.