Минативе четири години растот на просечната плата е за скоро 6.000 денари за разлика од претходните четири години кога имала раст од 1.700 денари. објави попладнево премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

-Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 проценти); Уметност, забава и рекреација (20,5 отсто) и Информации и комуникации (14,1 проценти). Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700 денари, пишува Заев на ФБ.

Според него, континуираниот раст на платите, меѓу другото, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Заев порачува дека Владата останува посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5 отсто и на покачување на платите за 20 до 30 проценти сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.