Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Алсат изјави дека жали за вчерашниот инцидент во кој учествува членови на Левица во Могилата на непобедените во Прилеп, велејќи дека „во слободата се случуваат работи кои што на секој му даваат за право да преземе непријатни активности, а Левица го направи тоа вчера“.
„Кога имате слобода, тоа може да предизвика непријатни ситуации. На вака поставена влада, јасно се гледа определбата за слобода. Определбата на институциите да ги остават таму е делот на слободата и слободната волја. Тоа беше окупиран простор, кој што е во право на сите луѓе. Сите фашисти и во минатото окупирале и сега окупираат. Ако Левица имала четири проценти, сега има два проценти рејтинг меѓу граѓаните“, рече Заев, кој додаде дека себеси се смета за „еден од лидерите во борбата за слобода и демократија во ова општество“.