Премиерот нагласи дека ДУИ веднаш се оградуваат и повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаеви.

– МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите. Јас апелирам до граѓаните кои што направиле снимка и го документирале тоа да помогнат во истрагата. Анонимно, не мора се знаат, но да помогнат затоа што дел од истрагата се води не само со анализа на снимката и фокус на кој тоа го направил туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на одредена личност, група или слично, рече Заев.