-Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш, рече Заев.

Инаку, портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони вчера реагираше на твитот на премиерот Зоран Заев кој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“.

-Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот, рече Пелони.