Во ловџиска несреќа рано утрово загина 67-годишен кумановец по грешка застрелан од неговиот пријател, со кого заедно заминале на лов на дивеч. Несреќата се случила утринава околу 8 часот, во шума во близина на селото Габреш.
Во 08.00 часот во СВР Куманово И. С. (59) од Куманово пријавил дека во село Габреш, место викано Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч. Р. (67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е се уште во тек, соопшти СВР Куманово.
Според неофицијалните информации на „Сакам да кажам“, ловџиите утринава заедно заминале на лов, по што се разделиле. По извесно време без да знаат се приближиле еден до друг во густиот дел шумата, по што ловџијата мислејќи дека видел дива свиња пукал во пријателот.
Полицијата работи на расчистување на случајот.