Загина украински новинар, кој се пријави во војска по руската инвазија на Украина, информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Триесет и шестгодишниот Олександар Махов го изгубил животот во борбите близу градот Изум, североисточна Украина.
Махов е осмиот новинар жртва, од почетокот на руската инвазија, пред повеќе од два месеца.
Станува збор за новинар познат по графичките прикази од конфликтните зони, кој исто така известувал и од Антарктикот. Се борел и во конфликтот од 2014 година во Доњецк и Луганск.
– Секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот, истакна Зеленски во своето видео обраќање во раните утрински часови.