Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека новинарите од западните земји ќе бидат протерани од Русија доколку Јутјуб го блокира пристапот до нејзините брифинзи.

Захарова секоја недела одржува брифинзи за актуелни теми поврзани со надворешната политика на Русија, кои се емитуваат на Јутјуб и на други платформи.