Жаклина Шопова, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница потенцираше дека со амандманот кој што го предлага советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обезбедуваат средства за реконструкција на улицата „Христо Татарчев“ каде што ќе се опфати коловоз, пешачки патеки и фекална канализација, бидејќи и во самата програма за Модерно Скопје е предвидена реконструкција на истата.
Ние советниците во разговор со граѓаните кои што живеат на улица Христо Татарчев истовремено консултирајќи се со стручните служби, а со оглед дека градот Скопје има своја програма односно градоначалникот раководејќи се и од таа програма каде што е наведено на страна 36 дека улица Христо Татарчев ќе биде реконструирана комплетно и тоа од Мечкаров до улица Драчевска, од Маркова река до бензинската на Макпетрол и тоа ќе имаме реконструкција на атмосферската канализација, велосипедска и пешачка патека, ние го предложивме овој амандман.
Во однос на укажувањата дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани пред истек на фискалната година, Шопова посочи дека во буџетот на градот има 50 милиони денари неискористени средства за зеленило па праша дали истите би се искористиле со оглед дека во декември месец не може да се прават дополнителни зелени површини.
За временската рамка јас тука би дала едно образложение, по однос на средства има во буџетот неискористени 50 милиони денари за зеленило па би сакала да знам дали овие средства до крајот на годината ќе се искористат кога во декември не знам какво зеленило ние би можеле да им приуштиме на граѓаните на Скопје. Затоа ние и го предложивме овој амандман, ќе гласаме за овој амандман и сметам дека треба и останатите советници да гласаат за овој амандман, вели таа.
Но, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и советничката група на СДСМ и коалицијата го одбија амандманот за итна реконстуркција на улицата Христо Татарчев.