Германската полиција во градот Карлсруе соопшти дека во моментот се случува заложничка драма во аптека.
Според информациите, властите реагирале на заложничката ситуација, која наводно се одвивала во аптека во градот во југозападна Германија. Киднаперот барал еден милион евра откуп.
An unknown person is holding hostages in one of the German pharmacies in Karlsruhe. The building was cordoned off by the police.https://t.co/7GGwAHT6Ks pic.twitter.com/xz1eWyrfpr
— John Spectator 🇸🇰🇨🇿 (@johnspectator) March 10, 2023
Полицијата на Твитер објави дека поради моментално нејасната ризична ситуација, областа е обезбедена и дека се очекуваат повеќе информации.
Како што се наведува, полицијата воспоставила контакт со лицето осомничено за земање заложници, јавува „Дојче веле“.