ЈП „Комуналец“ известува за заматена вода по обилните дождови

Поради обилните дождови, водата за пиење во Кавадарци и Неготино е заматена и пред употреба треба да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија на двете општини.

„Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира“, информираа од претпријатието.

И од неготинскиот „Комуналец“ испратија слично известување до граѓаните, нагласувајќи дека превривањето е задолжително додека не се врати нормалната состојба на водата.