Ходаи кажа која била неговата причина што одлучил да остане во земјава, иако бил примен да студира во Словенија.
Притоа, тој рече дека напуштањето на земјата е едноставна постапка, но ја смета за кукавичко дело.
Во продолжение неговиот став
„Оние кои одлучуваат да останат во Македонија прават голема жртва, бидејќи во моментот кога ќе одлучите да останете, на некој начин не можете да го достигнете највисокиот потенцијал што можете да го постигнете во другите земји. Сето тоа се должи на политичката, социо-економската состојба што ја имаме во државата. Иако бев примен да студирам на Универзитетот во Љубљана во Словенија, решив да останам овде бидејќи верувам дека должност на секој од нас како граѓани е да продолжиме да придонесуваме за нашата земја. Заминувањето е многу едноставна работа, иако би го сметал за кукавички чин“, рече Ходаи.