Како што соопшти премиерот Заев на прес-конференција – владата одлучи да донесе нови рестриктивни мерки. Забрана и посебен режим за движење на граѓаните од 20 до 5 часот, почнувајќи од утре, 6 април.
Мерката ќе трае 14 дена, односно до 20 април.
Граѓаните кои примиле вакцина непосредно пред започнување на забраната, им се дозволува враќање во своите живеалишта.
Трето, целосна забрана за посетители и гости во сите угостителски објекти.
Забрана за работа добиваат обложувалниците, теретаните и спортските објекти, а воведена е и забрана за одржување на конференции и состаноци.
Забраната за групирање исто така останува во сила и граѓаните не смеат да се собираат во групи поголеми од 4 лица.