Водечките светски производители на дијаманти предупредија дека санкциите на Г7 против рускиот извоз на дијаманти може да имаат катастрофални последици за индустријата.
Мартин Рапапорт, претседател на „Rapaport Group и RapNet“, онлајн мрежа за тргување со дијаманти, верува дека ограничувањата може „сериозно да и наштетат на американската трговија со дијаманти и накит“.
Длабоко сме загрижени дека напорите на Г7 ќе и наштетат на нашата трговија. Доколку несоодветно се спроведуваат, регулативите за усогласеност ќе ги принудат малите компании да го напуштат бизнисот, ќе ја намалат фер конкуренцијата на пазарот, ќе го ограничат пристапот на САД до дијаманти што не се под санкции и ќе ја ограничат трговијата со САД“, изјави Рапапорт.
Дијамантскиот гигант „Де Берс“ (De Beers), сега подружница на „Англо Американ“ и боцванската државна компанија „Окаванго дајмондс“ (Okavango Diamond), исто така алармираат за новата ситуација.
Ефективно, африканските производители би биле принудени да ги испратат сите свои дијаманти во една насока наместо да изберат… На тој начин,етичките африкански дијаманти би станале многу поскапи“, предупреди извршниот директор на „Де Берс“, Ал Кук.
Во декември 2023 година, Групата седум (Г7) големи индустриски земји објави целосна забрана за дијаманти од Русија, најголемиот светски производител на необработени дијаманти, која стапува на сила од 1 јануари, додека за руски дијаманти обработени во трети земји од 1 март 2024 година.
Земјите од Г7 кои увезуваат груби дијаманти се обврзани да воспостават „силен механизам за верификација и сертификација за необработени дијаманти заснован на следливост“ до 1 септември 2024 година.