Планот за обука на украински пилоти да управуваат со западните борбени авиони Ф-16 допрва треба да биде договорен, и покрај најавите на САД дека обуките би можеле да почнат во наредните недели.
Како што пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори, идејата за испраќање украински војници и пилоти во воената воздухопловна база во Аризона не добила голема поддршка.
Според соговорниците на весникот, самите авиони ќе пристигнат во Украина не порано од идната пролет.
Веројатно ќе научиме некои пилоти да летаат до крајот на годината, но тешко дека вистински Ф-16 во украински бои ќе се појави пред пролетта, вели изворот на „Политико“.