Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”, дознава ,,Фокус” од свои извори.
Повеќе детали за инцидентот очекуваме од МВР, од каде што побаравме дополнителни информации.
Засега е познато само дека возилото било запалено пред домот на директорот, во скопската населба Кисела Вода.