Настанот се случил попладнево, околу 17 часот. Полицајците се сомневаат дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија.

„Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Овој случај доаѓа по еден месец откако беше откриено дека автобусот на „Беса транс“ кој се запали, немал документ за меѓународен транспорт на патници, а со тоа не смеел да ја минува државната граница.