Ноќеска во периодот од 00:20 до 07:00 часот во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 килограми улов.

Како што соопшти МВР, мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.