Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.