Релација Скопје – Рига
Започна нова авиолинија од Скопје. Со летонскиот превозник „ЕрБалтик“ од вчера започнаа летовите на правец Скопје – Рига. Линијата ќе трае од мај до септември, а истата веќе е започната. Авион од типот „ербас А220“ два пати неделно, поточно секој понеделник и петок ќе ја лета оваа дестинација.
Останати дестинации од Скопје
Ваквиот лет не е единствен, а за време на летната сезона ќе има летови и до останати локации, најголем дел веќе препознатливи за овој дел од годината. Од Скопје ќе може да летате за летниот период до: Хургада, Енфида, Анталија, Бодрум, Џерба и Монастир.
Достапни се и: Салзбруг, Сплит, Осло и Крф
На страна редуцираните летови, сепак со „Виз ер“ може да се искористат новите линии до Салцбург, со Кроација ерлајнс или со Норвиџан ершатл ќе има сезонски летови до Сплит и Осло од скопскиот аеродром. Со грчката компанија „Ејџијан ерлајнс“ ќе може да летате од Скопје до грчкиот остров Крф.
Директни летови и од Охрид
И Охрид ќе има летови. Од аеродромот „Свети апостол Павле“ ќе може да летате до Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер. „Ер Србија“ пак, најави нова авиолинија, односно обнова на релацијата Белград-Охрид-Белград.
Во летната сезона од скопскиот аеродром ќе има 59 дестинации на 22 авиокомпании.
Редуциран бројот на летови од Виз Ер
Сепак, од претходно актуелно е дека Виз Ер го редуцираше бројот на летови.
Виз Ер драстично ги редуцира летовите од Балканот: Најпогодени се скопскиот и охридскиот аеродром
И покрај тоа, како што напишавме и погоре со Виз Ер може да се лета до Салзбург како нова авиолинија.