Акцијата е спроведена во соработка со ЈКП „Илинден” и ЈКП „Водовод”, како и општествено одговорни компании од бизнис секторот, а целта е да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.
Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, со реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден” се залагаат за еколошки почиста општина, како и подигнување на еколошката свест и подобрување на амбиенталниот воздух на граѓаните во Илинден.
Градоначалникот Георгиевски воедно упати голема благодарност до бизнис секторот, односно до општествено одговорните компании, кои со нивната донација ја потпомогнаа реализацијата на оваа еколошка акција.
– Заштитата на животната средина претставува еден од врвните приоритети со кои сакаме да постигнеме не само заштита на прирoдата, туку пред се одржливо користење на природните ресурси на Македонија. Заштитата и унапредувањето на животната средина и природата е едно од основните права, но и обврски на граѓаните, изјави Георгиевски.
Според него, грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.