Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје започнаа со реконструкција на пешачката и велопатеката по должина на булеварот Гоце Делчев, од двете страни на потегот од Стоковна куќа Мост до триаголникот кај мостот Гоце Делчев.
Пешачката и вело патека се реконструира на вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри, односно 1.000 квадратни метри од левата страна и 1.000 квадратни метри од десната страна на наведениот потег.
Според планот за реконструкција во моментот се работи на отстранувањето на бекатон плочки и отстранување на руиниран асфалт, со подготовка на подлогата со тампон, за на крај овој потег да биде воспоставена вело и пешачка патека по сите стандарди.