На десетина дена пред стартот на наставата училиштата исправени пред предизвикот да овозможат чиста средина за учење во клупа за сите ученици, а не само за најмалите до трето одделение. Во една училница сепак ќе има најмалку 20 ученици.
Патека за движење. За учениците има стрелки по кои треба да се движат за да не дојде до трансмисија или ширење на корона вирусот. Ова се само дел од здравствените протоколи во училиштата.
Останатите, меѓудругото, исто како лани за до трето одделение, вклучуваат маски, проветрување, дистанца, дезинфекција, а предизвикот е поголем, бидејќи учениците од сите одделенија сега ќе учат со физичко присуство.
Родителите ќе можат да побараат нивните деца да учат од дома дури и без здравствена причина, но дали ќе им биде одобрено, посебно ќе одлучува училиштето, појаснува Министерката Мила Царовска.
Според владината одлука, децата со ретки болести или попречености, оние доаѓаат од семејства со хронично болни семејства ќе можат наставата да ја следат он-лајн.