Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денес по налог на Град Скопје почнаа со санирање на пешачката патека која се наоѓа помеѓу А1 и црквата „Пресвета Богородица“ на Кеј 13-ти Ноември.
Патеката е со должина од 40 метри и широчина од 1,70 метри, почетните работни позиции на патеката е отстранување на оштетената површина со бехатон плочи, а потоа површината ќе се тампонира, ќе се поставуваат рабниците и ќе се постават новите бехатон плочи.
По уредувањето на оваа пешачка патека екипите продолжуваат со санација и на останатите пешачки патеки на градските сообраќајници согласно планот за работа од Град Скопје, информираат од претпријатието.