Делови од Скопје во текот на утрешниот ден ќе бидат без електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.

Во период од 08.30 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу и над црквата „Свети Спас” во Општина Сопиште, во период од 09.00 до 13.00 часот корисниците лоцирани на потегот од стариот каменолом до раскрсница со ул. „Христо Татарчев” бр.24 во населба Теферич, Општина Карпош.

Утре од 09.00 до 14.00 часот без струја ќе останат и дел од корисниците од улиците „Жванска” и „Наум Охридски”, ул. „Боро Камчески” бр.2, 4, 6 и 8, како и корисниците од ул.„Томе Арсовски” бр.24, 26, 28, 30 и 32, во Општина Центар.

Од РЦУК информираат дека 09.30 до 14.30 часот ќе има прекин на електричната енергија и на ул. 2 во Сарај, а од 10.00 до 12.00 часот на ул.„Киро Крстевски Платник” бр. 4 во Општина Центар.