Мицкоски ги започна преговорите за реконструкцијата на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на седницата во петокот го информирал Извршниот комитет дека се отворени првични преговори со коалициските партнери околу најавената реконструкција на Владата. Како што истакнал генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски во гостување на ТВ Сител, дел од партнерите веќе доставиле свои барања, а процесот се наоѓа во почетна фаза.

Поддршката на ВЛЕН и ЗНАМ

Сајковски посочи дека, според она што го пренел Мицкоски, преговорите ќе продолжат во наредниот период, а јавноста ќе биде навремено информирана. Тој додаде дека верува оти ВЛЕН и ЗНАМ и понатаму ќе останат стабилни партнери и значајна поддршка на Владата.

Амбициите на ВЛЕН и ставот на ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за наводната амбиција на ВЛЕН, покрај позицијата прв вицепремиер да обезбеди уште едно министерско место – како што е ресорот за животна средина – Сајковски изјави дека во рамки на партијата не се водела дискусија на оваа тема.