Прв академски час за идните бруцоши. Почнува учебната година за новите студенти. На универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ имаше безмалку 10 илјади слободни места, пред 12 години таа бројка беше 12 илјади. Голем дел од факултетите поради слабиот интерес ги намалија квотите.
Поголем интерес за студирање на факултетите за природно-технички науки. Над 300 студенти помалку од лани и на најбараниот факултет-ФИНКИ. Иселувањето и намалувањето на наталитетот, клучни фактори зошто е намален бројот на запишани студенти.
Доколку се продолжи со ваквиот тренд, во наредните години состојбата ќе биде уште полоша, констатираат универзитетските професори.