Во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност на патиштата денеска (17 декември) од 10 до 15 часот беше спроведена акциска контрола за брзина, во која се откриени и законски санкционирани 96 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-54 и ГВ-42).Пет од пречекорувањата на брзината биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-3 и ГВ-2), 25 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-15) и така натаму.

Покрај ова, санкционирани се и 65 пречекорувања на брзината во населено место(ТЕ-43 и ГВ-22), како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.На сите возачи-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби и со заштитни мерки, зависно од големината на пречекорувањето, односно со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

СВР Тетово повторно со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да ги почитуваат сите важечки знаци, правила и прописи, со што непосредно ќе придонесат за посигурни патишта во регионот и пошироко.

Денеска (17.12.2022) во времето од 10:00-15:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 173 возачи. Од нив 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 17.12.2022 во времето од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Штип e спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 83 прекршоци, од кои 42 надвор од населено место и 41 во населено место. Од нив 22 во Штип, 24 во Свети Николе, 10 во Кочани, 10 Делчево, 8 Берово, 5 Виница и 4 Пробиштип.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот, велат од МВР.