Затворските установи ширум државата предлагаат список на лица кои ги исполнуваат критериумите за каков било вид на помилување.
Во случајов затворот Идризово, меѓу другото, предлага и намалување на затворската казна за Сеад Кочан за шест месеци, што во ниту еден случај не значи целосно ослободување од казна.
Во овие, како и во сите други групни помилувања Министерството за правда е само една од неколкуте институции кои се дел од процесот. Во конкретниот случај, списокот доставен од затворите е во фаза на преразгледување и консултации пред да биде доставен во финална верзија до Комисијата за помилување при Кабинетот на претседателот на државата.
Конечниот список на лицата за кои се предлага да бидат помилувани или да им се намалат казните се уште не е официјално испратен во Кабинетот на претседателот на државата. Конечната одлука за помилување согласно закон ја носи лично претседателот на државата.