Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 македонски граѓани, соопшти заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов.
Како што кажа Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.
„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов за „БТВ“.
Тој вели дека сега останува по судски пат да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.