Здравствениот дом во Неготино заклучно со 10 септември ја заврши теренската вакцинација во сите населени места во општините Неготино и Демир Капија, информираат денеска од неготинската јавна здравствена установа.

– Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат може истото да го направат во вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Неготино, порачаа неготинските здравствени работници.

Тие повторија дека вакцинацијата е единствен начин за заштита и враќање целосно во нормала, нешто што сите го посакуваат. Неготино е на врвот по број на вакцинирани жители во државата.