Пејачот Ламбе Алабаковски објави статус во кој порача „Удбашка земјо мила, збогум“, а откако социјалните мрежи беа преполни со објави од концертот на Теа Таировиќ која ја преполни салата каде настапуваше. Објавата осамна на социјалната мрежа „Фејсбук“, а сега веќе, не е јавно достапна, пренесе Скопје1.
„…Само за Теа Таировиќ има леб тука и сличните на неа. Збогум и поздраво до следно видување. Можи ќе се опоравиш и ќе те направиме македонска целосно“, напиша Алабаковски, најавуваќи дека оди на печалба.
Како што објави порталот Скопје1, утрово ја нема објавата на Ламбе на социјалните мрежи.