Ски-центарот „Попова Шапка“ официјално од денеска (18. декември) ја започнува годинашната ски-сезона.

Во функција ќе бидат ски-лифтовите „Поток”, „Аеродром”, „Ге”, како и двоседот „Св. Илија”.

По повод отворањето на скијачката сезона центата на ски-билетите за утре ќе биде 700 денари за сите категории.