Здравствените работници излегоа на улица. Протестот го организираат за да го изразат незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените.
„Има луѓе 20 години работат со договор на дело по Клиниките, а не им тече ни здравствено ни пензиско осигурување. Иако постои голем егзодус во нашето здравство, приватната специјалзиација не постои на никое друго место во светот. Предлагаме луѓето да се запослат во клиниките и државата да им ги исплати специјализациите и да останат во јавното здравство за да помагаат на народот. Инаку, вака приватен специјализант ќе си заврши специјализација со пет години и еден ден нема да има во здравство, ќе си оди или во странство како што го прават тоа и завршените доктори. Имаме максимален одлив на сите профили. Крајно време е сите политички партии да си го стават прстот на чело“, порача претседателот на Синдикатот на Клинички центар.
Протест на здравствените работници предводени од двата најголеми синдиката за здравство и ССМ. Револтирани се велат од ниските плати.