Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека изградбата на Штипската клиника и кичевската болница, како и реконструкцијата на тетовската клиника, ќе започнат за неколку недели. Ова ќе биде овозможено со договор постигнат со Обединетото Кралство. Тој не ја исклучи можноста за изградба на нов Клинички центар во Скопје.
Мицкоски ги обвини претходните влади за децениските доцнења во реализацијата на овие здравствени проекти.
„Мотото на оваа влада е да градиме, а не да крадеме. Многу проекти беа започнати во минатото, но на чуден начин беа запрени. Се бараа причини за да не продолжат напред. Нашата цел е да ги решаваме проблемите, и тоа го правиме секојдневно“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој нагласи дека здравството е приоритет, а здравјето е негов личен фокус, но побара разбирање поради наследените предизвици.
„Здравјето е мој личен фокус, и тоа е еден од моите највисоки приоритети. За жал, наследивме големи проблеми во здравствениот систем. Кога разговарам со директорот на Фондот за здравство и со директорите, знам со какви предизвици се соочуваме. Бидејќи здравството ми е приоритет, верувам дека ќе постигнеме многу за јавното здравство“, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека буџетот на Фондот за здравство годинава е зголемен за 18 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со годините за време на ковид-кризата. Ова е уште една потврда дека здравството е приоритет за ова Влада.
Извор: Centar