Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири ги демантираше шпекулациите во јавноста дека отпатувал во Токио на ОИ, заедно со челниците на МОК.
Новинарот Боби Христов подлегнал на лажните вести и дезинформации на квази новинари кои измислија деновиве дека сум отпатувал во Токио со челниците на МОК. Најмалку што очекувам од него е да ми се извини јавно на ист начин како што напишал на коментарот од својот пост на фб, објави Зекири на Фејсбук.