Нема крај на изненедувањата во нашата политика – пратеникот од редовите на СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ, добил амбиција да го замени Оливер Спасовски на позицијата Министер за внатрешни работи.
Порталот на албански јазик, Топ 24, пишува дека поради внатрешен притисок во партијата, се очекува Оливер Спасовски да си поднесе оставка а него би требало да го замени, верувале или не, Зеќир Рамчиловиќ.
-Заменикот Зеќир Рамчиловиќ е еден од кандидатите за функцијата министер за внатрешни работи на Македонија, иако претходно се шпекулираше дека тој ќе стане македонски амбасадор во Црна Гора.
Оставката на Спасовски ќе дојде по некои конфликти во партијата СДСМ, кои сакаа претходно разрешување на министерот, пишува порталот.
Инаку, Рамчиловиќ е познат како еден од осумтемина пратеници кои го напуштија ВМРО-ДПМНЕ и гласаа за уставни измени за промена на името. Потоа тој доби пратеничко место од СДСМ.
Во јавноста се шпекулираше дека тој ќе биде испратен како амбасадор во Црна Гора, но ете, очигледно добил повисоки амбиции!