Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на новиот британски премиер Риши Сунак и рече дека е подготвен да ги зајакне односите меѓу Украина и Велика Британија.
„Ви посакувам успешно да ги надминете сите предизвици со кои се соочува британското општество и целиот свет денес. Подготвен сум да продолжам заедно да го зајакнувам стратешкото украинско-британско партнерство“, напиша Зеленски на Твитер, честитајќи му на Риши Сунак.