За време на учеството на форумот во Киев, Зеленски, на прашањето дали мисли дека е можна целосна војна меѓу неговата земја и Русија, даде потврден одговор, пренесе агенцијата ТАСС.

Во таа прилика, тој нагласи дека е убеден дека тоа ќе биде погрешно сценарио за развојот на настаните во регионот.

После тоа, добрососедските односи меѓу Русија, Украина и Белорусија никогаш не би можеле да постојат, порача Зеленски.