Запрашан за можноста за признавање на Крим и самопрогласените републики Донбас, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека постои можност властите во Киев да разговараат и да најдат компромис, додавајќи дека се оладил за влезот на Украина во НАТО.

„Можеме да разговараме за тоа и да најдеме компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму“, рече Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, како и за самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, како што пренесуваат медиумите.

„Она што е важно за мене е да разберам како луѓето ќе живеат на тие територии, кои сакаат да бидат дел од Украина“, истакна украинскиот лидер.

„Ова е уште еден ултиматум, а ние не сме подготвени за ултиматуми“, рече Зеленски, пренесе РИА Новости. Како што вели, она што мора да се направи е рускиот претседател Владимир Путин да почне да разговара, да влезе во дијалог.

Според украинските медиуми, Зеленски рекол дека се „оладил“ во врска со влезот на Украина во НАТО. „Што се однесува до НАТО, се оладив по ова прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Русија“, изјави Зеленски за ABC.

Нема да бидеме земја која се моли на колена.