Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер рече дека Русија подготвува нов голем напад врз украинските градови и населби, јавија украинските медиуми.
„Разговарав со австрискиот канцелар Штокер, на кого му сум благодарен за неговото сочувство во врска со постојаните руски воздушни напади. Го информирав за нашите разузнавачки податоци кои говорат дека Русите подготвуваат нов голем напад врз украинските градови“, наведе Зеленски на својот Телеграм канал.
Тој додаде дека е многу важно партнерите на Украина заеднички да одговорат на овие напади, првенствено со испорака на антибалистички ракети во Киев.
