Прекината e блокадата на железничкиот сообраќај. Но, проблемите на железничарите не се целосно решени. Тие испорачаа барања до надлежните.
Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата откако им е исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември, вели за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал. Toj кажа дека е донесена одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, и доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот идниот ден. Бараат и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот. Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови во земјава. И претходните години, вработените во железници имаа поплаки и штрајкуваа.